Тоа што утринава го најави 24Ракомет, попладнево беше официјалирано од страна на велешкиот клуб Бисинов, кој од лето ќе се засили со искусниот среден бек Ивица Илиев.
Бисинов, кој игра во плеј-аут фазата во прволигашката конкуренција, за следната сезона добива големо засилување и амбиции за повисок ранг. Составен од млади ракометари тимот на Бисимов сега ќе добие на искуство, но и играч кој ќе може да го пренесе своето знаење на младите ракометари.
Средниот бек реши да се врати во родниот град и да му помогне на новиот ракометен клуб да оствари подобри резултати во новата натпреварувачка сезона.
Голгетерот од Велес беше најзаслужен за камбекот на Голден Арт во најквалитетното натпреварување во Македонија. Минатата сезона постигна вкупно 179 погодоци на 25 натпревари и го предводеше тимот за пласман во Суперлигата.
Илиев од сезона 2021/22 настапува за Голден Арт, додека претходно седум сезони го носеше дресот на Радовиш. Освен за споменатите два клубови, во својата кариера настапуваше и за екипите на Овче Поле од Свети Николе и матичниот Борец.
Тимот на Бисинов во оваа сезона го имаше дебитанскиот настап во Првата лига. Моментално се бори за првото место во прволигшакиот плеј-аут, откако не успеа да обезбеди пласман во плеј-оф фазата.
Бисинов добива големо засилување – искусниот голгетер Илиев се враќа во родниот Велес