Ракометарката на Кузман Вардар, Јана Ѓорѓиевска, иако има само 13 години, сепак, во единствената сениорска лига кај дамите покажува дека има голем потенцијал
Во заедничката работа со тренерот Александра Кузмановска, на секој натпревар во просек има по 7,8 одбрани, дури и кога станува збор за натпреварите против најдобрите екипи во Македонија.
Дека Кузман Вардар работи добро со младите, говори тоа дека нивни играчи секоја година ги засилуваат подобрите клубови во Женската лига.
Ѓорѓиевска во оваа сезона го има дебитанскиот настап во сениорска конкуренција и од натпревар во натпревар се покажува во подобро светло.
Пред да застане на голот, играше на позиција пикер, но поради тоа што Кузман Вардар е цела сезона без голман, таа реши да ја преземе одговорноста и да се проба на голманската позиција.
Кузман Вардар е предводен од поранешната голманка Александра Кузмановска, која во својата тренерска кариера има и интернационално искуство.
Кузмановска една сезона работеше како тренер на голманите во женскиот клуб ПАОК и заедно со клубот од Солун освоија дупла круна.