Карбеска и Илиева ќе судат финале во Европскиот Куп!

По многубројните отсудени натпревари во Лигата на шампионите, во Лигата на Европа и на Ф4 во ова натпреварување, уште едно големо признание за македонските судијки Силвана Карбеска и Марија Илиева од ЕХФ.

Европската куќа на ракометот ги делегираше Македонките за реванш финалниот натпревар од женскиот Европски Куп.

Тој натпревар меѓу турската Анталија Коњалти и шпанскиот тим Атлетико Гуардес ќе се одигра на 7 мај со почеток во 19:00 часот во Анталија.

Делегат на овој меч е Израелецот Коен, а првиот натпревар од финалето ќе се одигра во Понтеведра на 30 април.

За турската Анталија Коњалти играат репрезентативките Моника Јанеска и Ивана Гакидова, па ќе има дури четири Македонки на вториот финален натпревар на теренот.