Унгарскиот првак ПИК Сегед во петтиот обид оваа сезона конечно прослави победа над големиот ривал Веспрем.
По поразот во првенството, во финалето на Купот и двата во Лигата на шампионите, ПИК Сегед го најде рецептот и славеше со 30-28 на домашен терен.
Веспрем водеше со 10-8, но голманот Миклер влезе во серија и неговите соиграчи реализираа шест пати по ред за 14-10. До крајот на полувремето момците на Момир Илиќ намали на 18-17.
Во второто полувреме најчесто се играше гол за гол, до 26-26, кога имаше да се играат уште шест минути до крајот. Рошта и Бомбач донесоа 29-27, но Ремили намали на минус еден.
Тогаш имаше 45 секунди до крајот, домашните имаа тајм-аут, нивниот напад потоа беше пасивен, сепак Гарсијандиа стрелаше во голот на Цупара за 30-28 и голема победа.
Сега ПИК Сегед има 42 бода на првото место и ако победи на сите мечеви таму и ќе остане, а Веспрем има 39 но и меч помалку. Сепак првото место ќе му донесе на ПИК Сегед шанса евентуалната мајсторка во финалната серија да ја игра дома.