Српскиот репрезентативец Стефан Додиќ во наредните две сезони ќе биде позајмен ракометар од Келце во словенечкиот првак Целје.
Како што пишува „Балкан Хендбол“, 20-годишниот организатор на играта нема да остане во Загреб, но ќе остане на балканските простори.
Србинот има искуство од играње во Лигата на шампионите со Металург, Вардар и „плинрите“, а во меѓувреме настапуваше и за тимот на Охрид.
Тој има договор со полскиот шампион Келце до 2026 година, но две сезони ќе мине во Целје, односно до 2025 година.
Во Целје ќе соработува со Алем Тоскиќ, а Целје претходно ангажираше уште еден млад играч – босанецот Лука Периќ од Борац Бања Лука.