Женската репрезентација на Србија со двоен триумф се пласираше на Светското првенство во Норвешка, Данска и Шведска.
Салата на „Бањица“ по долго време беше преполна и повеќе од 2.000 гледачи дојдоа да ги поздрават и петте ракометарки кои ја завршија кариерата во националниот тим.
Кристина Лишчевиќ, Јована Стојиљковиќ, Јелена Лавко, Кристина Граовац и Тамара Радојевиќ последен пат го облекоа српскиот репрезентативен дрес.
Пред мечот им беа врачени плакети и врамени дресови за придонесот за репрезентацијата.
Многу емоции и солзи имаше при интонирањето на химната пред стартот, како и по крајот на мечот.