Женската репрезентација на Македонија вечерва во унгарскиот град Кишварда го одработи тренингот пред утрешниот реванш дуел против Украина.
Македонската експедиција во Кишварда пристигна многу подоцна поради доцнењето на авионот со кој патуваа во Унгарија.
За потсетување, на првиот дуел, кој беше одигран во Скопје, триумфираше Украина со два гола разлика, 24:22.
Доколку избраничките на Љубомир Савевски ја анулираат негативата и обезбедат поволен резултатот, тогаш ќе играат на Светското првенство 2023, кое ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.
Натпреварот меѓу Украина и Македонија ќе се игра утре, со почеток од 17:00 часот, во градската сала во Кишварда, која има капацитет за максимум 1000 гледачи.