Петровиќ: Грешките и промашените зицери нè чинеа пораз

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 на денешното гостување во Охрид кај истоимената екипа беа поразени со 26:21.

Босанскиот интернационалец во редовите на Еурофарм Пелистер 2, десниот бек Павле Петровиќ како причина за поразот ги истакна грешките и промашените зицери.

,,Добро го отворивме натпреварот, се држевме во првото полувреме, но едноставно грешките и промашените зицери нѐ чинеа, тоа се одрази во вториот дел каде домаќинот направи голема разлика. Одиме на победа на следниот натпревар, ќе се бориме со крај и на секој нареден дуел ќе дадеме сѐ од себе”, изјави Петровиќ.

Следен предизвик за вториот тим на Еурофарм Пелистер 2 ќе биде дуелот со Бутел Скопје.

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 со евентуална победа над скопскиот тим ќе остане во игра за место во Европа.

Андоновски со победа се врати на клупата – Охрид пак во игра за Европа