Тимот на Ваљадолид каде што играат двајцата Македонци, Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски, ја продолжи победничката серија во Асобал лигата.
Ваљадолид славеше над Бенидорм со 31-30, а стрелец на победничкиот погодок беше Димитриоски од левата крилна позиција.
На десетина секунди до крај, Димитриоски доби асистенција и од тешка позиција го совлада гостинскиот голман со сув лист.
Гостите имаа шанса да погодат за реми, но голманот на Ваљадолид го одбрани тој шут и победата остана дома.
Димитриоски постигна два гола од два обиди, додека Димитриевски даде исто толку во тимот предводен од екс тренерот на Вардар, Давид Писонеро.
Ваљадолид сега има 17 бода на 12 позиција, а следниот натпревар го игра на гости кај каталонскиот гигант Барселона.