Европската ракометна федерација ги одреди официјалните лица за натпреварите од баражот за Мундијалот во Норвешка, Данска и Шведска.
На првиот натпревар меѓу Македонија и Украина што ќе се одигра во Скопје на 8 април од 19:00 часот ќе судат словачки арбитри.
Станува збор за Чипов и Клус, додека делегат на средбата што ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ ќе биде Турчинот Сивиркаја.
Реванш средбата меѓу Македонија и Украина што е на програмата во унгарскиот град Кишварда ќе ја судат дами.
Тоа се Австријките Врањеш и Венингер, кои ќе бидат арбитри на дуелот што ќе го даде патникот на СП, а се игра на 11 април од 17:00 часот.