Тимот на ЦСКА Москва каде што игра македонската репрезентативка Сара Ристовска, продолжува со победничката серија во рускиот шампионат.
ЦСКА Москва славеше на гостувањето кај Динамо Волгоград со 31-28, во натпреварот од втората фаза во шампионатот.
Ристовска беше втор стрелец во победничката екипа и успеа да постигне пет гола од шест обиди за 33 минути.
ЦСКА Москва сега има 62 бода, односно 31 победа на 31 натпревар, а до крајот на втората фаза остануваат уште четири меча пред стартот на плеј-офот.