Тимот на Еурофарм Пелистер лесно ја мина осминафиналната пречка во Купот на Македонија, Куманово, откако славеше со 33-21 и сега ќе го очекува победникот од дуелот меѓу Струга и Тиквеш за битката за Ф4.
Битолчани уште по првиот дел направија позитива од пет погодоци, 17-12 и без премногу напор го најавија победникот на овој натпревар.
Кумановци, за кои дебитираше и новото засилување Ѓурашковиќ се трудеа да парираат, но немаа шанси против расположените домаќини, кои ги распоредија силите и сочуваа дел од нив за финалниот натпревар.
Во второто полувреме се намножија грешките во нападот на кумановци, па Еурофарм Пелистер со реализации од контранапади го наполнија голот на гостите до конечни 33-21.
Најдобри стрелци кај победникот беа Костески со седум гола, како и Хенеберг, Кузманоски, Суси и Петар Атанасијевиќ кои погодија по пет пати, додека кај Куманово се истакна Ѓурашковиќ со шест гола.
Куп на Македонија, мажи, осминафинале:
Група 1
18/3, 17:00, Вардар – Охрид
18/3, 19:00, Јуниор КВ – Скопје
19/3, 17:00, финале
Група 2
18/3, 13:00, Радовиш – Еурофарм Пелистер 2
Голден Арт – Пролет 26:25
18/3, 19:00, финале Радовиш/Еурофарм Пелистер 2 – Пролет
Група 3
18/3, 18:00, Бутел – Алкалоид
18/3, 15:00, Вардар Неготино – Прилеп
19/3, 18:00, финале
Група 4
18/3, 14:30, Струга – Тиквеш
Куманово – Еурофарм Пелистер
18/3, 20:00, Струга/Тиквеш – Еурофарм Пелистер