Екипата на Пелистер славеше победа против Гевгелија со 26:17 во полуфиналето од четвртата група во Купот на Македонија и за пласман на Ф4 турнирот ќе се бори со Куманово, кој ја прескокна првата Куп пречка.
Избраничките на Адријано Котевски имаа сигурна игра во текот на целиот натпревар и домаќинот уште на стартот даде до знаење дека гостинот ќе има тешка задача за надигрување.
Пелистер имаше фуриозен старт, тргна со водство од 4:1, потоа зголеми на 8:2 и до крајот на дуелот го диктираше темпото и ја зголемуваше предноста, која на полувреме изнесуваше 16:9.
Во вториот дел гостинот веќе крена раце од дуелот и работите се одвиваа според планот на домаќинките.
Најефикасна во победничката екипа беше Моника Босилковска со седум погодоци. Прв стрелец кај Гевгелија беше поранешната репрезентативка на Македонија, Ленче Илкова со осум реализации.
Куп на Македонија, жени, осминафинале:
Група 1
18/3, 16:30, Скопје – Спартак
18/3, 19:30, Ѓорче Петров – Чаир
19/3, 17:00, финале
Група 2
18/3, 16:00, Вардар – Шампион
17/3, 19:15, Деспина – Кузман Вардар 35:16
19/3, финале Деспина – Вардар/Шампион
Група 3
18/3, 14:30, Стружанка – Астибо
18/3, 19:00, Овче Поле СУ – Металург
19/3, финале
Група 4
17/3, 20:00, Пелистер – Гевгелија 26:17
19/3, 17:00, финале Пелистер – Куманово