По една седмина пауза од домашен ракомет поради ЕХФ репрезентативната недела, ракометарите повторно се враќаат кон своите обврски.
Овој викенд во СЦ „Јане Сандански“, Вардар е домаќин на група од Купот на Македонија каде покрај Вардар ќе бидат уште и екипите на Охрид, Јуниор КВ и Скопје.
Во полуфиналето Вардар во сабота од 17:00 часот се среќава со Охрид, и победникот од тој меч ќе игра со победникот од средбата меѓу Јуниор КВ и Скопје.
„Почнува серија на силни мечеви, но сега сме фокусирани за Охрид. Тоа е квалитетен тим, играат добар ракомет, и имаат искуни играчи. Покажаа дка кога играат со Вардар се супер мотивирани. Агресивни се сите 60 минути. На последниот меч што го игравме тешко поминавме. Ние се подготвуваме како и за секој меч. Нема многу поразлично да биде од досегашните .Вардар е фаворит, и секако одиме на победа. Имаме повредени, со мали или посеирозни повреди. Ова е втор дле од сезоната. Нормалено е тоа, но секако не се тоа големи проблеми. Не размслуваме за што понааму, туку само за овој меч што е пред нас. Од понеделник ќе почнеме да се подготвуваме за Еурофарм Пелистер“, вели тренерот Владо Недановски.
Бекот Марко Мишевски вели дека Охрид иако е квалитетен тим, нема со што да го изненади Вардар.
„Мотивацијата за секој меч е висока. Одиме на победа без разлика на каков меч играме. Се измачивме во Охрид на претходниот дуел. Квалитетен тим се. Имаат некои нови играчи, но нема со што да не изнанадат, Знаеме каков им е квалитетот. Да го потенцирам пивотот Бојаниќ кој даде добри партии со нас, но сега и бековите одиграа добар меч. Сите позиции им се добро покриени. Нема посебен играч што се двои. Ние со наша одбрана и контра и полуконтра ќе успееме да триумфираме“, изјави Мишевски.
На патот до Ф4 турнирот од Купот, Вардар на почетокот на декември лани го победи тимот на Мулти Есенс со 43-18. Вардар има 15 Куп титули, и е убедливо најуспешна екипа во Македонија.