Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес на свој терен ќе играат против Нексе Нашице во натпревар од последното коло од групната фаза во регионалната СЕХА лига.
На дуелот против хрватскиот вицепрвак свој деби настап ќе има новиот тренер Александар Јовиќ, кој ја наследи тренерската функција, откако клубот ја прекина соработката со Ларс Валтер.
Нексе на првиот дуел против Еурофарм Пелистер триумфираше со четири гола разлика, 29:25.
По одиграниот натпреварот ќе биде позната целата ситуација во групата А, во која Нексе и Војводина имаат по шест бода, додека Еурофарм Пелистер има три бода.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Нексе Нашице се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18:00 часот.
Во терминот од 20:00 часот ќе се одигра прволигашкиот натпревар меѓу Овче Поле и Младост Богданци.
ДЕНЕСКА НА ТЕРЕНИТЕ:
16:30 ЈУНИОР ФАСАНО – КАСАНО (ИТАЛИЈА)
16:30 ЧСМ БУКУРЕШТ – ВАЛЧЕА (РОМАНИЈА)
17:30 ЦСКА – САРАТОВ (РУСИЈА)
18:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – НЕКСЕ (СЕХА)
18:00 ШИОФОК – КИШВАРДА (УНГАРИЈА)
18:00 ВОЈВОДИНА – ЈУГОВИЌ (СРБИЈА)
18:10 ХАМАРБИ – КРИСТИЈАНШТАД (ШВЕДСКА)
18:15 СОЛА – ВАЈПЕРС (НОРВЕШКА)
18:30 ХОРСЕНС – ЕСБЈЕРГ (ДАНСКА)
18:30 ВАЦ – ФТЦ (УНГАРИЈА)
19:00 АМО – СКАНЕЛА (ШВЕДСКА)
19:00 ДУБОЧИЦА – ШАМОТ (СРБИЈА)
19:30 ОДЕНСЕ – КОПЕНХАГЕН (ДАНСКА)
19:45 СЕСВЕТЕ – ДУБРАВА (ХРВАТСКА)
20:00 ОВЧЕ ПОЛЕ – МЛАДОСТ (МАКЕДОНИЈА)