Гореше Подгорица – три црвени картони и полн плен за Словенија пред 5.000 Црногорци (ВИДЕО)

Црна Гора предводена од новиот селектор Владо Шола доживеа пораз од Словенија со 32-29 (14-14) во преполната Морача во Подгорица пред 5.000 навивачи. Иако голманот Симиќ имаше одлична вечер со 13 одбрани, иако Црногорците водеа со пет гола во првиот дел, имаа и плус два во второто полувреме, сепак не издржаа до крајот.

Левото крило Вујовиќ доби црвен картон поради груб старт над Јанц во финишот на првиот дел, па избраниците на Урош Зорман успеаја да се вратат во игра.

Беше и 25-23, но како одминуваше времето така нападот на домашните стануваше безопасен. Во тие моменти голманот на пелистерци, Урбан Лесјак одбрани неколку тешки удари и Словенија стигна до плус два 29-27.

До крајот гостите немаа проблеми да ја задржат предноста, иако играа без Ник Хенигман, кој доби црвен картон по трите исклучувања во 38 минута и без Домен Новак во 55 минута.

Предводник во победата на Словенија беше Алекс Влах, имаше осум реализации, пет додаде членот на Барселона, Домен Макуц. Кај домаќините најдобри беа Бранко Вујовиќ и Василије Калуѓеровиќ со по пет погодоци. Ракометарот на Еурофарм Пелистер во редовите на црногорската репрезентација Мирко Радовиќ еднаш се запиша во листата на стрелци.

Сега Словенија има шест бода, Црна Гора четири, но и двете селекции се пласирани на Европското првенство 2024 година. Реваншот се игра в недела во Копер.

Најинтересните моменти од дуелот Црна Гора – Словенија погледнете ги ТУКА.