Голманот на Веспрем, Владимир Цупара е успешно опериран, откако во дуелот против Татабања заработи скршеница на прстот.
Искусниот голман го очекува период на рехабилитација и неговиот камбек на терените се очекува да биде кон крајот на април или почетокот на месец мај.
Тоа значи дека нема да биде во комбинација за осминафиналниот двомеч против ПИК Сегед во рамки од Лига на шампионите.
Селекторот на Србија, Тони Херона исто така ќе мора да бара замена за Цупара за двомечот против Норвешка од квалификациите за ЕП 2024 година.
Удар за Веспрем – Цупара мора на операција, го пропушта двомечот со ПИК Сегед!