Удар за Веспрем – Цупара мора на операција, го пропушта двомечот со ПИК Сегед!

Репрезентацијата на Србија и унгарскиот гигант Веспрем ќе бидат ослабени во клучниот дел од сезоната.

Тренерот на Веспрем, Момир Илиќ, ќе мора да се снаоѓа без чуварот на мрежата Владимир Цупара во следните пет недели.

27-годишниот Цупара заработи скршеница на прстот при една одбрана во победата на Веспрем над Татабања со 28-27.

Србинот мора на операција, а тоа значи дека ќе биде надвор од терените најмалку до средината на април и нема да игра на осминафиналето во Лигата на шампионите против ПИК Сегед.

Селекторот Тони Херона исто така ќе мора да бара замена за Цупара за двомечот против Норвешка од квалификациите за ЕП 2024 година.