Валтер: Остваривме важна победа по европската катастрофа

Ракометарите на Еурофарм Пелистер дојдоа до првата победа во регионалната СЕХА лига, откако пред своите навивачи триумфираа против тимот на Војводина, со резултат 30:25.

Тренерот Ларс Валтер победата против српскиот шампион, кој во Битола допатува со младински состав, ја истакна како важна откако битолскиот тим пред неколку дена беше елиминиран од Лига на Европа.

,,Да одиграш четири натпревари за осум дена не е лесно. Ние покажавме добар перформанс и остваривме многу важна победа по европската катастрофа. Се засиливме со неколку играчи во средината на сезоната и видливо е дека се уште сме надвор од посакуваниот ритам. Нашата главна цел е да најдеме начин како да се вратиме на победничките патеки”, изјави Валтер.

Следен предизвик за македонскиот вицепрвак е натпреварот против Пролет во рамки од 4. коло од Суперлигата.

Пелистерци се израдуваа на прва победа во СЕХА!