Тимот на Коњалти Анталија каде што играат двете македонски интернационалки Моника Јанеска и Ивана Гакидова е многу блиску до полуфиналето на Европскиот Куп.
Анталија славеше убедливо против Измир во турското четвртфинале со убедливи 39-28 и има голема залиха пред реваншот в недела.
Гакидова беше стрелец на пет гола, два постигна Јанеска, а пет погодоци запиша и екс вардарката Алена Ихнева.
Oвој европски двомеч се игра во терминот за ЕХФ недела бидејќи беше одложен поради катастрофалниот земјотрес што ја погоди Турција.