Српскиот репрезентативец Петар Ненадиќ во останатиот дел од натпреварувачката сезона 2022/23 ќе го носи дресот на ПСЖ.
Откако денес се појавија шпекулациите дека српскиот ракометар ќе биде дел од најбогатиот европски клуб, раководството на ,,светците” по неколку часа го претстави Ненадиќ како замена за Никола Карабатиќ, кој ќе паузира одреден временски период поради проблеми со десната нога.
Ненадиќ и ПСЖ се договорија на соработка, која ќе биде со важност до крајот на оваа сезона.
Ненадиќ минатата недела ја прекина соработката со Веспрем, но левиот бек воопшто немаше проблем да пронајде нов клуб.
Искусниот ракометар во својата кариера освен за Веспрем настапуваше и за екипите на Фуксе Берлин, Висла Плоцк, Холстебро, ПИК Сегед, Барселона и Црвена Ѕвезда.
Екипата на ПСЖ обезбеди директен пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.