Ненадиќ се сели во најбогатиот клуб?

Репрезентативецот на Србија, Петар Ненадиќ, кој остана без клуб откако спогодбено ја прекина соработката со Веспрем, би можел да го засили тимот на ПСЖ, пишува „Handball Planet“.

Искусниот ракометар во тимот на Раул Гонзалес ќе биде замена за Никола Карабатиќ. Францускиот репрезентативец мораше предвреме да ја заврши сезоната поради проблеми со десната нога.

Раководството на најбогатиот европски клуб беше во потрага по идеален играч кој ќе може да го замени Карабатиќ, така што заминувањето на Ненадиќ од Веспрем беше вистинска прилика за ,,светците”.

Според споменатиот медиум, се уште не е познато колку долго ќе остане Ненадиќ во ПСЖ, односно дали потпишал договор на шест месеци или на година и пол.

Пред извесен период во романските медиуми се шпекулираше дека српскиот ракометар се наоѓа пред трансфер во амбициозниот тим на Динамо Букурешт.

Екипата на ПСЖ обезбеди директен пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите.

ОФИЦИЈАЛНО: Ненадиќ не е повеќе член на Веспрем