Ракометарите на Драчево во натпревар од 15. коло од Првата лига запишаа сигурна победа против Металург РА од 30:26.
Освен нерешените 1:1 на стартот, се друго мина во знакот на гостите. Драчево уште во првата половина започна да оди на висока позитива и имаше постојана контрола на резултатот.
Тимот на Настески победата ја обезбеди во првото полувреме, кое го доби со 12:8, додека вториот дел го одработи рутински за десетти триумф во Првата лига.
Кај Драчево најефикасен беше Ѓорѓи Дука со дури 13 погодоци, седум додаде новото засилување Лазар Стојанов.
Во екипата на Металург РА отскокна Виктор Петковски со 12 погодоци во голот на домаќините.