Легендарната ракометарка на Полска, Каролина Кудлач, која во 2021 година се повлече од националниот дрес, го продолжи договорот со Битигхјам на уште една сезона.
Искусната ракометарка во германскиот претставник од Лигата на шампионите ќе остане до јуни, 2024 година, со можност за продолжување на договорот, доколку двете страни бидат задоволни од соработката.
Иако Кудлач има 38 години, сепак, сѐ уште игра во одлична форма и ѐ една од носителките на играта во шампионот на Германија.
Кудлач во сезона 2017/18 ги засили редовите на Битингхјам, претходно 11 сезони го носеше дресот на Лајпциг, клуб во кој се афирмираше како играч.
Со екипата на Битигхјам во сезона 2021/22 го освои трофејот во второто по ранг европско натпреварување, Лига на Европа.
Искусната ракометарка неколку пати беше меѓу главните стрелци во Лига на шампионите. На Европското првенство 2006 беше втор најдобар стрелец, постигна 48 погодоци.
Својата кариера ја започна во полскиот суперлигаш Гдањск, додека репрезентативниот дрес на Полска го носеше од 2004 до 2021 година.