Ракометарите на Голден Арт 2 во натпревар од 15. коло од Првата лига славеа против екипата на Преспа со 29:24.
Голден Арт 2 уште од поодамна има обезбедено место во плеј-оф фазата од Првата лига, додека тимот на Преспа во досегашниот тек од натпреварувањето забележа само три победи.
Екипата на Преспа на гостувањето во Скопје допатува со само 11 ракометари и поради кратката клупа немаше многу опции за изненадување. Гостите дадоа сѐ од себе на овој дуел, направија камбек во финишот, но немаа сили за евентуална сензација.
Резултатот во првото полувреме во шест наврати беше нерешен. Откако беше 6:6, домаќините се одлепија на 8:6 и до крајот на полувремето одржуваа резултатска предност, но не поголема од два гола разлика. На полувреме резултатот беше 12:10 за домашната екипа.
На стартот на вториот дел домаќините се одлепија на 14:10 и разликата од четири гола разлика ја одржуваа до 45 минута. Преспа направи камбек и израмни на 20:20, нерешено беше уште во два наврати, 21:21 и 22:22, а ракометарите на Глигоров со серија од 3:0 поведоа со 26:22 и го водеа натпреварот до сигурна победа.
Најефикасни во редовите на Голден Арт 2 беа Андреј Божиновски со седум и Александар Стојменов со шест гола. Кај Преспа најрасположен беше Филип Шиклевски со седум погодоци.