Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Даниел Постоловски направи камбек во редовите на Овче Поле.
Постоловски во клубот од Свети Николе пристигна од суперлигашот Куманово.
Искусниот ракометар, кој има 37 години во својата кариера играше и во екипите на Југ Скопје, Пролет, Борец, додека на интернационално ниво го носеше дресот на холандскиот АРБО Ротердам.
Овче Поле во досегашниот тек од сезоната во прволигашката конкуренција забележа пет победи и осум порази.
Тимот на Зоран Димовски остана во игра за пласман во плеј-оф фазата во Првата лига.