Агенцијата за Млади и Спорт денеска ги објави листите на клубови, федерации и спортисти кои добија ваучери и нивниот износ.
Од федерациите, одново најголем ваучер во износ од 14.000.000 денари има за Ракометната федерација на Македонија.
Кај суперлигашите, шампионот Вардар доби најголем ваучер од 17.000.000 денари, додека Бутел и Еурофарм Пелистер добија ваучери во износ од 15.500.000 денари.
Од прволигашите, Младост Богданци, доби најголем ваучер со износ од 1.400.000 денари.