Тимот на Еурофарм Пелистер вечерва го игра натпреварот против португалскиот Агуаш Санташ од 8 коло во Лигата на Европа.
Стратегот Ларс Валтер направи една промена во составот во однос на претходниот натпревар против Архус во Данска.
На местото на Мохамед Суси шанса ќе добие данскиот интернационалец Каспер Кисум на левата бековска позиција, а повторно во ростерот е Мартин Велковски.
Надвор од комбинација се повредените Ѓорговски и Сери, додека Маџовски и Стоилевски се преселија во Еурофарм Пелистер 2.
Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Агуаш Санташ ќе се игра вечерва во „Боро Чурлевски“ од 20:45 часот.