Тимот на Тиквеш успеа да освои бод против новиот суперлигаш Алкалоид во драматичен натпревар во кој пречката од голот беше спасителот, 31-31. Во наптревар во кој видовме буквално се, од убави потези до инциденти, на крајот двете екипи си поделија по еден бод. Алкалоид може да жали што не победи бидејќи во последната минута влезе со плус два, 31-29 и го имаше последниот удар на празен гол, но момците на селекторот Кире Лазаров не погодија.
Беше 1-1 и 2-2, пред голманот Велков со две одбрани да има овозможи на кавадарчани да поведат за првпат со плус два, 4-2 преку Петровиќ и Коцев, а домашните поведоа и со 6-3. За момент Маркоски и Ѓоргиев намалија на 6-5, но Тиквеш одново си ја врати предноста, 8-5. Домашните играа остро во одбраната, беа многу мотивирани, а со поддршка од „Лозари“ ја одржуваа разликата.
Велков одново им запре два шута на гостинските ракометари и по 24 минути игра, Тиквеш водеше со 15-11. Лазаров се обиде со поголема ротација, ги внесе во игра Стојковиќ и Иваноски, па полека предноста се топеше.
Кавадарчани останаа без Симиќ по еден остар фаул на гостите, ја загубија течноста во нападот и новиот суперлигаш се доближи на 15-14. Анастасовски врати плус два 16-14, но домашните згрешија уште два пати и во последната секунда Иваноски израмни на 16-16, резултат со кој се отиде на пауза.
Стартот на вториот дел мина во знакот на гостите. Тиквеш беше во „црна дупка“, Трајкоски имаше две одбрани и Алкалоид стигна до плус три, 21-18. Велков го замени Брауновиќ на голот на Тиквеш им запре три зицери во серија на гостите и домашните се вратија во егал 22-22.
На израмнувањето му претходеше удар во глава на Петковски кон голманот Велков, па имаше мешаница на терен, во која беа досудени дури пет исклучувања. Со однос четворица против тројца на терен, гостите поведа со 24-22, но Велков одново беше одличен на голот на Тиквеш.
Кавадарчани израмнија на 24-24 и на десет минути до крајот се почна од нула. Во следниот период гостите поведуваа, а Тиквеш израмнуваше и беше 27-27. По тајм-аутот на домашниот тренер, Џонов погоди од гол на гол за 28-27, Галевски му фати пенал на Симиќ, а Трајкоски зицер на Анастасовски.
Џонов ги казни домашните грешки за 29-27 на девет минути до крај. Беше 30-28, но Кондев ја врати неизвесноста со голот за 30-29, па 31-30 кога имаше да се игра уште дваесетина секунди, а Тиквеш одигра пресинг. Гостите погрешија, а домашните побараа тајм-аут.
Тиквеш тргна во напад, Симиќ погоди во голот на Трајкоски, а потоа Маркоски на три секунди до крајот ја погоди пречката на голот на домашните и мечот заврши реми, 31-31. Херојот на домашните, Симиќ беше најдобар со девет гола, а пет постигна Димовски, додека голманот Велков имаше 14 одбрани, но голем дел од нив беа од чисти ситуации. Кај Алкалоиид, најдобар стрелец беше Џонов со шест гола.
Место ракомет, ’војна’ на терен – влетаа сите ракометари и тренери…(ВИДЕО)
Возбудувања ’за сите пари’ – еве ја инфаркт завршницата во Кавадарци (ВИДЕО)
Велков е „зицер“ мајстор – им фати три по ред на Алкалоид (ВИДЕО)