Место ракомет, ’војна’ на терен – влетаа сите ракометари и тренери…(ВИДЕО)

На еден од дерби натпреварите од првото коло во плеј-офот меѓу Тиквеш и Алкалоид на крај немаше победник, 31-31, а во Кавадарци беше избегнат посериозен инцидент. На средината на вториот дел, десното крило Петковски од Алкалоид го погоди во глава домашниот голман Велков, па сите играчи и членови на стручниот штаб влегоа на теренот. Имаше буткање на теренот, вербални расправии, но за среќа се заврши на тоа. Исклучувања добија двете клуппи, потоа Петров, Симиќ и Петковски. Погледнете