Францускиот шампион ПСЖ објави дека е продолжена соработката со тренерот Раул Гонзалес за уште две сезони и екс тренерот на Вардар ќе остане во Париз најмалку до 2025 година.
Тој се пресели во ПСЖ во 2018 година, откако четири сезони беше на клупата на македонскиот првак, со кој се искачи на еврпскиот трон.
Во ПСЖ е петта сезона, а досега со францускиот тим освои четири титули во првенство, како и три трофеи во Купот. 53-годишниот Шпанец победи на 86% од сите натпревари на кои го водел ПСЖ.
Иако постоеја шпекулации дека ќе си замине од Франција, сепак Раул останува во ПСЖ и ќе го води тимот и во следните две сезони.