Некогашниот македонски репрезентативец Иван Марковски, кој успешно ја гради и тренерската кариера, ќе има нов предизвик.
Марковски ќе седне на клупата на Катар Спорт Клуб, тим од Катар, кој претходно имаше друг македонски стратег – Раде Стојановиќ, но договорот беше прекинат поради семејни причини и Стојановиќ се врати во Македонија.
Битолчанецот работеше во Кина, каде што ја заврши својата мисија кон крајот на минатата година во тимот на Шандонг.
Марковски ја започна тренерска кариера во некогашниот ХЈС Работник во Битола, а потоа работеше во Франција, во тимот на Ле Самбр Авенуа. По камбекот во Македонија го презема составот на Металург и успеа да го извлече максимумот во Автокоманда, но си замина кон крајот на 2021 година.
Во играчката кариера Марковски ги носеше дресовите на Вардар, Пелистер и Металург, а во странство играше за Загреб, Oсијек, Метковиќ, Трст, КАИ Арагон…