Репрезентативката на Македонија, Сара Ристовска, која настапува за ЦСКА Москва, продолжува со одличните партии во шампионатот на Русија.
ЦСКА Москва во натпревар од тамошниот шампионат славеше убедлива победа против некогашниот руски шампион Динамо Синара, со резултат 32:25 (16:11).
Ристовска натпреварот против Динамо Синара го заврши како најефикасна во својата екипа, имаше седум погодоци од исто толку обиди и беше прогласена за МВП на мечот.
Во претходниот натпревар против Астраханочка, на кој екипата од руската престолнина забележа убедлива победа, ракометарката од Македонија исто така имаше 100% реализација.
Одличната форма на капитенот на македонската репрезентација треба да го радува и селекторот Савевски пред бараж двомечот со Украина
ЦСКА Москва убедливо е на првото место на табелата со 48 бода од 24 натпревари, а следниот го игра дома против тимот на Кубан Краснодар.