Еден од домаќините на Светското првенство, Шведска, на последните два меча ќе биде без капитенот Џим Готфридсон.
Тој заработи скршеница на прстот во првиот дел од четвртфиналето против Египет во Стокхолм и ќе мора да ги пропушти најважните битки.
„Фрустрирачки е бидејќи играв добар турнир, а сега нема да бидам дела од најважните натпревари. Сонував да играм во финале на домашен терен. Сепак убеден сум, дека моите соиграчи, дали со мене или без мене, можат да го добијат секој ривал“, вели Готфридсон за ТВ2.
Шведска ќе се соочи со Франција во полуфиналето во Стокхолм, додека во второто полуфинале во Гдањск ќе играат Шпанија и Данска.