Денеска терминот од 18:00 часот беше резервиран за два натпревари од групите 1 и 2 од Главната рунда на Мундијалот во Полска и Шведска.
Во рамките на групата 2 чиј домаќин е Скандинавиум Арена, Исланд по одличното второ полувреме успеа да го совлада Бразил со 41-37 (22-18) и да стигне до 6 бода кои нема да му бидат доволни за пласман во четвртфиналето.
Исланѓаните беа во негатива скоро во текот на целиот натпревар најчесто губејќи помеѓу 3 и 4 голови разлика. Сепак скандинавците се познати по тоа дека никогаш не се предаваат пред време па така беше и на овој дуел. Упорноста дефинитивно се исплатеше па најпрво во 50.минута стигаа до првото израмнување 32-32, а во последните пет минути од мечот и комплетно го скршија отпорот на Бразил за конечни 41-37 .
Претходно Унгарија го одигра својот последен натпревар во групата совладувајќи ги Зеленортските острови со 30-42, и стигна до 6 бода со кои се најде втората позиција на табелата. Сепак, крајниот резултат во оваа група ќе биде познат по одигрувањето на последниот дуел од 20 часот и 30 минути во кој ќе се сретнат Шведска и Португалија. Португалија има 5 бода и со евентуален труимф или нерешен резултат против Шведска ќе патува во четвртфиналето, а нивен пораз во тој меч ќе ги промовира Унгарците во четвртфиналисти.
Во вториот дуел од групата 1 кој беше без резултатско значење домаќинот Полска славеше над последнопласираниот Иран со резултат 26-22 , што беше доволно за пласман на черврттата позиција во групата 1.