Светското првенство за младинци, играчи до 21 година, ќе се одржи во Германија и Грција од 20 јуни до 02 јули 2023 година. За првпат после 1979 година на ова натпреварување домаќини ќе бидат две земји.
На Младинскиот континентален собир ќе настапат 32 репрезентации, кои ќе бидат поделени во осум групи по четири, од кои двете најдобри продолжуваат во следната фаза.
Во следниот период ќе се комплетира целосната листа на учесници, односно во битката за титулата на Светското првенство за младинци ќе се придружат освојувачите на ИХФ трофејот во Океанија и ИХФ трофејот за европските селекции што ќе се игра во Коосво.
Група А: Франција, Полска, Хрватска, САД
Група Б: Алжир, Германија, Тунис, Либија
Група Ц: Португалија, Бразил, Кувајт, Костарика
Група Д: Шпанија, Фарски Острови, Јапонија, Ангола
Група Е: Унгарија, Данска, Аргентина, победник од ИХФ трофејот во Океанија
Група Ф: Шведска, Словенија, Бахреин, победник од ИХФ трофејот за европските селекции
Група Г: Србија, Исланд, Чиле, Мароко
Група Х: Египет, Грција, Куба, Саудиска Арабија
Магдебург, Хановер и Берлин ќе бидат градовите домаќини во Германија со добро познатие арени, „Свисс лајф„ во Хановер (4.200 седишта), „Гетек Арена“ во Магдебург (6.300) и „Шмелинг Арената“ во Берлин (9.000 седишта).
Единствениот град во Грција каде што ќе се играат натпревари од првенството ќе биде Атина со двете арени „Коридалос“ и „Софија Бефон“. На првенството ќе бидат одиграни 116 натпревари од кои 64 во Германија и 52 во Грција.