По мечот меѓу Хрватска и Данска, кој заврши реми 32-32, големо внимание привлече дуелот меѓу Матијас Гидсел и Домагој Дувњак.
По фаулот на Дувњак над Гидсел, данскиот десен бек не сакаше да го прими извинувањето и одби да пружи рака.
Веселин Вујовиќ во анализата за хрватскиот „Индекс“ на овој натпревар, се осврна и на судиите и на потегот и однесувањето на Матијас Гидсел.
„Хрватите сигурно ќе победеа да не се вклучеа во игра судиите од Шпанија, кои имаа неколку чудни одлуки кои беа во корист на Данска. Средбата беше прекрасна, каква што само можевме да посакаме. Но, работите ги расипа оној Гидсел – тоа мало глувче ми го расипа натпреварот. Рака ти дава Дувњак, еден од најдобрите во историјата, а тој јадник не сака да го прифати извинувањето. Не ме интересира каков ракометар бил, дали бил МВП на ова или она, тоа глувче никогаш нема да биде ниту бледа сенка на Дувњак. Ова е ракомет, груб спорт со многу контакти, а тој одбива да му даде рака по прекршок по кој му приоѓа легенда да ти се извини. Засрами се бедник еден, кога легенда како Дуле ти подава рака, има да ја прифатиш раката и еден месец да не ја миеш. Подобро да не ви кажам како би си поминал ако некој од моите играчи го направеше истото што го направи Гидсел“, вели Вујовиќ за хрватскиот Индекс.
Гидсел за фаулот од Дувњак: Тоа го прави свесно, не му е првпат! (ВИДЕО)