Гидсел за фаулот од Дувњак: Тоа го прави свесно, не му е првпат! (ВИДЕО)

Хрватска одигра реми против Данска, 32-32, на стартот на главната рунда на Мундијалот, но овој бод веројатно нема да биде доволен за место во четвртфиналето.

Еден од деталите кои го одбележаа овој меч е грубиот прекршок на Домагој Дувњак над Матијас Гидсел.

Дувњак доби исклучување, сосема заслужено, но на 23-годишниот Данец тоа не му беше доволно. Хрватот неколку пати му пружи рака да се извини, но тој не го прифаќаше тоа и беше остар во коментарите по мечот.

„Никогаш сум немал вакво искуство, а некогаш знае да биде уште погрубо. Не е првпат да имам ваква ситуација со него, исто беше и во Бундес лигата. Знам дека тоа го прави свесно. Тоа беше удар со рака во главата, на тоа не му е место во ракометот. Не можам да сфатам зошто судиите не прегледуваа снимнка и мислам дека тоа е прекршок за црвен картон“, изјави Гидсел по мечот за ТВ2.