Репрезентацијата на Македонија се израдува на првата победа на Светското првенство 2023, откако во натпревар од Президент Купот славеше убедлива победа над Алжир, со резултат 40:25.
Македонија победата ја обезбеди уште во првото полувреме и рутинско го одигра вториот дел, во кој шанса за игра имаа помладите ракометари.
На денешниот дуел против Алжир свој деби настап на големите натпреварувања имаше членот на Еурофарм Пелистер, Петар Атанасијевиќ.
Младиот ракометар одигра на солидно ниво и постигна два гола во мрежата на ривалот.
,,Се спремавме максимално за овој натпревар, да изиграме наша игра и мислам дека ја одигравме нашата игра. Го добивме Алжир и според мене клучно за победата беше големата мотивација, сакавме во овој Президент Куп да докажеме дека не сме аутсајдери. Оваа победа за нас ќе значи мотивација повеќе за следните натпревари. На натпреварот бев зобуден да покажам, докажам што знам и селекторот ми даде шанса и на крајот ја искористив”, изјави Петар Атанасијевиќ.
Следен ривал на Македонија во Президент Купот ќе биде селекцијата на Тунис, која денес силите ќе ги одмери со Мароко. Натпреварот меѓу Македонија и Тунис е закажан за 21 јануари, со почеток од 18:00 часот.