Во врска со извештаите објавени од данската телевизија ТВ2 за наводите за можно местење натпревари во 2016 и 2017 година, Европската ракометна федерација официјално се огласи и издаде соопштение.
„Во 2018 година, Спортрадар ги истражуваше гласините за несоодветно и сомнително обложувачко однесување околу натпреварите од висок профил на ЕХФ. По приемот на извештајот во декември 2018 година, Европската ракометна федерација активно и веднаш ја препрати документацијата со која располагаат релевантните органи, поточно единицата за спортски интегритет, дел од одделот за организиран криминал, при федералните криминално-разузнавачки служби на Австрија, така што сите потребни истрагите на национално и меѓународно ниво би можеле веднаш да се започнат, се вели во соопштението.
Ова е бараниот и неопходен чекор во оваа работа бидејќи местењето натпревари е кривично дело кое треба да го истражува полицијата како одговорна институција. Според сознанијата на ЕХФ, до денес овие истраги на полицијата не дадоа никаков резултат и шпекулациите останаа непотврдени по истрагата.
Сопствените анализи на ЕХФ за спорните натпревари од спортска гледна точка во тоа време не донесоа докази што би го оправдале покренувањето правна постапка.
Судиите не се суспендирани бидејќи ниту на страната на полицијата ниту на страната на ЕХФ не се утврдени суштински причини за ваквите чекори.
ЕХФ има нулта толеранција кога станува збор за каков било вид наместени натпревари или несоодветно влијание врз резултатот од натпреварот. ЕХФ и неговото раководство даваат целосна транспарентност и поддршка за какви било чекори во овој последователен процес, бидејќи чистиот спорт е во интерес на ракометот и неговите протагонисти.
Во случај да има достапни дополнителни информации во врска со настаните споменати во извештајот, ЕХФ бара секоја таква информација да биде проследена за да може веднаш да се покренат сите потребни истраги, вклучително и полициските мерки.
Данците обвинија судии за местење натпревари – меѓу нив и македонски пар