Данците обвинија судии за местење натпревари – меѓу нив и македонски пар

Дански ТВ2 објави текст со обвинувања за местење на ракометни натпревари од највисоко ниво, и тоа уште од 2016, 2017 и 2018 година а интересно е што не ги објавува сите судии за кои тврди дека се вмешани туку само два, еден од Хрватска и еден од Македонија.

На листата на судии кои се споменуваат, а се со најголем рејтинг се Македонците Славе Николов и Ѓорѓи Начевски, и Хрватите Матија Губица и Борис Милошевиќ. Другите судии не се спомнати во текстот на данскиот медиум, што остава простор за размислување кој е целта на објавениот текст токму сега за време на СП, и зошто другите судии не се спомнати.

Македонските судии важат за едно од најреспектабилните судии во Европа, па и во светот кои не само што судат на големите натпреварувања туку некои федерации ги канат да судат важни мечеви и во нивните национални првенства,.

Данскиот медиум пренесува извештај на „Спортрадар“, познатата фирма за спортска статистика, резултати но за детектирање лажирани натпревари, подготвен уште во 2018 година. Во него се спомнува дека осум европски судиски двојки се „на тапет“ за местење натпревари во периодот од септември 2016 до ноември 2017.

Данците не забораваат да споменат дека Хрватите го судеа мечот од четврт-финалето на СП 2021 година кога Данска мораше да игра на пенали откако претходно имаше две продолженија на дуелот против Египет. Но, тој меч не бил во извештајот на Спортрадар.

Данскиот медиум вели дека Спортрадар го презентирал извештајот на ЕХФ уште во 2018 година.

Да потсетиме во 2012 данската телевизија го обвини претседателот на ИХФ Хасан Мустаф за корупвија која никогаш не ја докажа.