Локомотива на Седлоска го освои првиот бод во ЛШ, пораз на Бабиќ и Подравка во ЛЕ

Денес со четири натпревари се комплетираше 10. коло во Лигата на шампионите во женска конкуренција. Победа во денешните натпревари остварија екипите на Крим, Мец и Рапид Букурешт, додека дуелот меѓу Локомотива Загреб и Кастамону заврши без победник.

Хрватскиот шампион Локомотива Загреб, во кој настапува македонската интернационалка Андреа Седлоска, го освои првиот бод во Лигата на шампионите, откако одигра нерешено против турскиот шампион Кастамому, 26:26.

Клубот од Загреб претходно на сите девет натпревари во елитното европско натпреварување беше поразен, во најголемиот дел од нив со двоцифрена разлика.

Екипата на Крим Меркатор, предводен од репрезентативката на Русија, Дарија Дмитриева го изненади Битингхајм, триумфираше со 35:28. Словенечкиот шампион со новите освоени бода на свое конто останува во игра за пласман во следната фаза.

Дмитриева беше предводник во победничката екипа со 12 погодоци, додека двете екс членки на Вардар, Јованка Радичевиќ и Барбара Лазовиќ постигнаа по девет, односно два гола.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 10. КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

ГРУПА А

БАЊИК МОСТ – ЧСМ БУКУРЕШТ 26:35 (10:20)

КРИСТИЈАНСАД – ФЕРЕНЦВАРОШ 27:26 (15:15)

ОДЕНСЕ – БРЕСТ БРЕТАЊ 25:24 (14:11)

КРИМ – БИТИНГХЈАН 35:28 (19:14)

ГРУПА Б

ЃЕР – СТОРХАМАР 39:26 (17:13)

МЕЦ – ЕСБЈЕРГ 26:24 (11:11)

РАПИД – БУДУЌНОСТ 39:29 (17:12)

ЛОКОМОТИВА – КАСТАМОНУ 26:26 (12:14)

Освен натпреварите од Лигата на шампионите, денес беа активни настапите и од Лига на Европа и Европскиот Куп.

Во првото коло од групната фаза од Лига на Европа, хрватскиот вицепрвак Подравка, која е предводена од екс тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, беше убедливо поразена од норвешкиот суперлигаш Сола, со резултат 35:29.

ЛИГА НА ЕВРОПА, 1 КОЛО

РЕЗУЛТАТИ

БОРУСИЈА ДОРТМУНД – МОЛДЕ 33:32 (19:15)

ИКАСТ – НАНТ 30:20 (15:10)

ВАЛЧЕА – ВАЦ 40:30 (21:18)

МОШОНМАЃАРОВАР – ФАНА 35:29 (18:16)

БЕЗАНСОН – ШИОФОК 30:21 (15:9)

СОЛА – ПОДРАВКА 35:29 (23:14)

Во рамки од осминафиналето од Европскиот Куп, Елче без проблеми ја совлада Јагодина со 31:19 и реванш дуелот меѓу двете екипи ќе биде само формалност, додека Кинзварт загуби од Хихон со 26:24.