За разлика од досегашната пракса, кога во одлуките беше наведен и членот по кој се изрекуваат казните, овојпат диисциплинците од македонската куќа на ракометот не наведоа по кој член од Дисциплинскиот правилник се казнети Бутел и Алкалоид.
Ракометната федерација на Македонија денеска објави дека тимовите на Бутел Скопје и Алкалоид се казнети со по 30.000 денари, за случувањата на нивниот последен меѓусебен дуел.
Во најновиот билтен од 14 коло, објавена е одлуката на Дисциплинската комисија на РФМ, со која на двата клуба по нивниот меѓусебен дуел во салата „Антон Димитров“, им се изрекува дисциплинска мерка.
За разлика од досегашната пракса, кога во одлуките беше наведен и членот по кој се изрекуваат казните, овојпат диисциплинците од македонската куќа на ракометот не наведоа по кој член од Дисциплинскиот правилник се казнети Бутел и Алкалоид.
По крајот на средбата имаше кошкање меѓу дел од ракометарите и стручните штабови, влегоа и лица на теренот, но за среќа немаше посериозен инцидент и мешаницата набрзина се расчисти. Се остана на меѓусебно силење и вербални реченици.
Бутел Скопје му се реваншираше на тимот на селекторот Кире Лазаров за првиот пораз на мечот во СЦ „Јане Сандански“ и славеше со 28-27. Двете екипи обезбедија место во плеј-офот, Алкалоид ќе стартува со два, а Бутел со еден бод.