Репрезентативецот на Шпанија и актуелен член на Барселона, Алеиш Гомез би можел да го пропушти Мундијалот во јануари.
Десното крило на Барселона уште од минатата сезона има проблеми со ахиловата тетива, но сега лекарите инсистираат на лекување.
Период на лекување и опоравување ќе биде околу пет недели, така што најдобриот стрелец од Лигата на шампионите од минатата сезона е неизвесен за настап на Светското првенство, кое започнува на 12 јануари.
Претходно, Барселона остана без двајца важни играчи во тимот. Станува збор за левите бекови Тимоти Н’гесан и Ханиел Лангаро, кои се повредија во дуелот против Нант во рамки од Лигата на шампионите.
Шпанија на Светското првенство ќе игра во групата А заедно со селекциите на Црна Гора, Чиле и Иран.