Тимот на Будакалаш, каде што брани македонскиот голман Даниел Ѓорѓески, дојде до шеста победа во шампионатот на Унгарија.
Будакалаш во рамки од 13. коло од тамошниот шампионат славеше против Гионгиоси со 31:30.
Дел од заслугите за новите бодови на Будакалаш одат на адреса на Ѓорѓески, кој успеа да одбрани пет удари на ривалот за 40 минути на теренот.
Екипата на Будакалаш со овој триумф се најде веднаш зад Веспрем, ПИК Сегед, Татабања, Чургу и Ференцварош и ги зголеми шансите за пласман меѓу најдобрите екипи.
По 13 одиграни натпревари, тимот на Ѓорѓески, моментално е позициониран на 6. позиција на табелата со 14 бода, а бод повеќе има Ференцварош, кој оваа сезона учествува во Лига на Европа.