Ракометарите на Еурофарм Пелистер денес во спортската сала „Боро Чурлевски“ ќе ја пречекаат екипата на Бидасоа Ирун од Шпанија во натпревар од 6. коло од Лига на Европа.
Избраниците на Ларс Валтер со победа ќе го потврдат пласманот во осминафиналето во второто по ранг европско натпреварување и ќе бидат дел од најдобрите 16 екипи.
Дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Бидасоа Ирун ќе се одигра со почеток од 20:45 часот.
Ќе има пренос на Арена Спорт 2 (Хрватска), Арена Спорт 1 (Србија) и на ЕХФ ТВ. Може да го гледате ТУКА и ТУКА (вториот линк работи само ако гледате надвор од Македонија со претходна регистрација).