Ракометарките на Ѓорче Петров денеска го играат реванш натпреварот од третото коло во Европскиот Куп против австрискиот Румс Јагс.
Тренерот Симе Симовски не направи ниедна промена во ростерот за реванш средбата и на теренот ќе бидат истите 16 ракометарки од вчера.
На првиот натпревар, македонскиот шампион славеше со убедливи 45-26 и практично веќе е во осминафиналето на Европскиот Куп.
Австрискиот Румс Јагс исто така ќе биде без промени на денешната средба и ќе биде со истите 14 ракометарки од вчерашната средба.
Натпреварот меѓу Ѓорче Петров и Румс Јагс ќе се игра вечерва со почеток во 18:00 часот во салата во Автокоманда.