Македонскиот интернационалец Дарио Петровски имаше победнички старт на новиот интернационален предизвик во Италија.
Неговиот тим Јуниор Фасано славеше убедливо против Ромања со 43-32 во натпревар од осмата рунда во италијанскиот шампионат.
Петровски имаше солидно деби за новиот тим и успеа да постигне три погодоци во убедливата победа.
Јуниор Фасано со новите бодови се наоѓа на шестото место на табелата во Италија, а ќе одигра уште два меча пред европскиот предизвик и двобојот со холандскиот Лионс во третото коло од Европскиот Куп.