Македонскиот интернационалец Никола Костески продолжува со одличните партии во чешкиот шампионат во дресот на Плзен.
Неговиот тим по дерби триумфот над Ловосице, славеше и на гостински терен кај составот на Дукла Прага со 40-34.
Костески беше прво име на теренот во двата тима со 15 погодоци и беше најзаслужен за гостинската победа на Плзен.
Тимот на Македонецот сега има 26 бода на првата позиција со 13 победи и еден пораз, а следен предизвик ќе биде гостинскиот дуел кај Брно.