Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од последното коло во главната рунда на ЕП.
Арбитрите од Македонија, Исмаил Металари и Ненад Николовски, ќе имаат уште еден предизвик на континенталниот собир.
Тие се делегирани да го судат скандинавското дерби меѓу Норвешка и Данска, кое се игра вечерва од 20:30 во „Стожице Арена“ во Љубљана.
Во зависност од резултатите на претходните дуели, овој меч може да биде многу важен за Данска во борбата за полуфинале на ЕП.